Турчин висок 210 сантиметри ќе го облече сино-белиот дрес на МЗТ Скопје

2020 27 Јан

Поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец на Турција, Рагип Берке Атар (20 год, 210 см) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за доскорешен кошаркар на турскиот тим Банвит, за кој настапуваше во изминативе неколку сезони, кој се очекува да им помогне на Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Марин Морнар и Бојан Радуловиќ во битките под кошевите. Атар за тимот од Бандирма настапуваше во турското првенство, но и во Лигата на шампиони на ФИБА, а во Аеродром доаѓа да работи напорно и да се обиде да се избори за што поголема минутажа под тренерската палка на Ѓорѓи Кочов.

Новиот член на нашиот тим зад себе има настапи на три Европски и на едно Светско првенство во дресот на Турција. За одбележување е неговиот учинок на СП за играчи до 17 години во 2016 година, на кое имаше просек од 11,4 поени и 8,7 скока, како и на јуниорското ЕП истата година кога просечно реализираше 14,4 поени и осум скока. Најдобар репрезентативен настап имаше на континенталниот собир за играчи до 18 години во 2017 година, со просек од 16,4 поени и 7,9 скока.

Дебито на Атар во сино-белиот дрес се очекува веќе в четврток на домашен терен против словенечки Хелиос (19 часот), секако ако до тогаш бидат завршени сите административни работи околу неговата регистрација во АБА.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page