Сениорите рутински до бодовите, „штркчињата“ покажаа заби во првата четвртина

2019 18 Окт

Историската пресметка помеѓу два тима на ист клуб заврши со очекувана победа на МЗТ Скопје Аеродром, кој иако без најдобрите немаше проблем против МЗТ Скопје УНИ Банка (108-77), во меч кој „штркчињата“ покажаа заби во првата четвртина како потврда дека се светла иднина на нашиот состав.

Тренерот Ѓорѓи Кочов ја искористи можноста да ги одмори Џабари Хиндс, Нуни Омот, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски во пресрет на дербито од АБА2-лигата в среда против Борац Чачак, што и не се почувствува на теренот, ниту во крајниот исход од средбата. Ова беше одлична подготовка за нашите сениори, а фантастична можност за талентите предводени од Горан Крстевски да соберат драгоцено искуство кое и тоа како ќе им користи понатаму во кариерата. Ќе остане запишано дека ја добија првата четвртина со 24-22, по што работите си дојдоа на свое место, за втор триумф во домашниот шампионат, а вкупно петти по ред за МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона, вклучувајќи ги и средбите од АБА2-лигата.

Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше најдобар во сениорскиот состав на шампионот, Андреј Магдевски беше веднаш зад него со 21 поен и осум асистенции, додека Кристијан Николов дополни со 19 поени, четири поени и пет асистенции. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Марин Морнар со 15, Љубиша Димитровски со 12 и Ранко Мамузиќ со 10 поени. Леонид Тодоровски, пак, со 19 и Борјан Стојановски со 15 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што Дарио Митевски го заврши мечот со десет поени.

Во третото коло од домашното првенство, следниот викенд, МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостува на Гостивар додека МЗТ Скопје УНИ Банка ќе го пречека Вардар.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page