Талентираниот Митевски уште најмалку три години ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

2019 22 Авг

Капитенот на македонската јуниорска репрезентација, Дарио Митевски (17 години), ќе продолжи да го развива својот голем талент во екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов тригодишен договор со нашиот клуб.

Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој летово беше меѓу најзаслужните што жолто-црвените јуниори го освоија четвртото место на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Орадеа (Романија). Митевски минатата сезона беше предводник на две шампионски генерации, поточно на младинскиот тим кој заврши како првопласиран во Втората лига, како и на јуниорскиот состав кој беше најдобар во М-18 лигата во организација на Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ).

Подолгорочниот договор со талентираниот Дарио е само уште една потврда на заложбите на МЗТ Скопје Аеродром за давање шанса на најдобрите млади кошаркари во државата, за што и беше донесена одлуката нашиот младински тим да игра во Првата лига следната сезона. Само со промоција на млади играчи како Митевски може да се надеваме на развој не само на нашиот клуб туку и на целата македонска кошарка во целост.

Дарио е целосен производ на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што веќе пет години наназад го носи дресот на нашиот клуб од најмалите категории сѐ до ланскиот настап за младинскиот состав во второлигашката конкуренција. Тој и во иднина ќе го добие целото внимание на тренерскиот тим, заедно со сите пропратни услови за работа со кои располагаме, а кои дефинитивно се најдобри во државата во однос на кошаркарските колективи. Сето ова е со цел тој во брзо време целосно да го развие својот раскошен талент и за само неколку години да се наметне како еден од носителите на играта на нашиот најдобар состав.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page