Испечатете ја страната

Баснарков ќе продолжи да се грижи за кондицијата на кошаркарите на МЗТ Скопје

2019 09 Авг

Сигурно еден од најдобрите македонски тренери за физичка подготовка на спортистите, Петар Баснарков, ќе продолжи да се грижи за кондицијата на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и во сезоната која следува во која ќе ја браниме шампионската титула освоена пред два месеци.

И покрај големиот број понуди од другите клубови, Баснарков, кој во моментов важи за еден од наједуцираните и кондициски тренери кои редовно го следат светскиот тренд, реши да остане во нашиот табор, за заеднички да продолжиме да остваруваме највисоки резултати. Со него речиси секојдневно индивидуално тренираат голем број македонски репрезентативци во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, а летово беше на мета на голем број други клубови меѓу кои беше и европскиот ракометен првак Вардар. Но, Баснарков реши да не ја менува средината и трета сезона да остане во МЗТ Скопје Аеродром за да работи заедно со првиот тренер Ѓорѓи Кочов и неговите помошници Никола Велев и Тино Даневски.

Тој во моментов работи со кадетската ракометна репрезентација на Македонија која настапува на Светското првенство (СП) во Скопје, а ќе се грижи и за кондицијата на Кирил Лазаров и останатите сениорски репрезентативци во пресрет на ЕП 2020 во Германија, Австрија и Шведска.