Завршно соопштение за сезоната во која дојдовме до седмата титула!

2019 18 Јун

Освојувањето на титулата секогаш е идеален начин за завршување на сезоната, награда за сиот вложен труд, за секоја капка пот излеана во салата, но и надвор од неа при извршување на сите други обврски потребни за водење клуб како МЗТ Скопје Аеродром.

Зад нас се пеколни десет месеци во кои одработевме илјадници тренинзи и одигравме скоро 70 официјални натпревари, што, колку за илустрација, е скоро 30 повеќе од противникот во финалето од плејофот, а убедливо најмногу од сите македонски екипи. Завршницата беше славеничка, но секако дека можевме да поминеме и подобро, со малку повеќе спортска среќа. Долго ќе боли пропуштената шанса во баражот за враќање во АБА против Задар, но таков е спортот, некогаш сте миленик на божицата Фортуна, но понекогаш таа е наклонета кон противникот. Најважното е што во секоја победа бевме достоинствени, а од секој неуспех научивме нешто позитивно.

Посебно сме горди на успесите на сите наши младински тимови, на нивните резултати, но пред сѐ на начинот на кој таму се бруси иднината на нашиот клуб. Горди сме на вториот тим, кој иако настапуваше со тинејџери беше најдобар во Втората лига. Нивните медали, заедно со титулата во сениорска конкуренција и со прикажаното во АБА2-лигата, но и со големиот број таленти кои веќе тропаат на вратата на првиот тим, се причините поради кои мора да бидеме задоволни од сезоната која е зад нас. Тоа, секако, треба и ќе ни биде мотив да продолжиме да работиме уште понапорно како на теренот така и надвор од него.

За сето ова најголема благодарност заслужуваат актерите на теренот, кошаркарите и членовите на стручниот штаб во сите возрасни категории, но и лекарскиот тим, економите, луѓето од канцеларијата на клубот. Сите заедно работат со една единствена цел – подобар МЗТ Скопје Аеродром, а со тоа и подобра македонска кошарка во целост.

Посебна благодарност и за сите наши навивачи и симпатизери, за сите оние кои барем еднаш дошле на трибините во „Јане Сандански“, но и за тие кои од далеку нѐ следат и нѐ бодрат. Нашиот труд е за нив, тие се нашата сила и мотивација да продолжиме да работиме уште понапорно.

И додека за многумина следува период на одмор, за нас подготовките за новата сезона почнуваат уште денеска. За уште посилен МЗТ Скопје Аеродром. За уште подобри резултати. За уште поголема радост за нашите навивачи и симпатизери.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page