Вторпат го победивме Работнички и сега сме само на чекор до седмата титула!

2019 11 Јун

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа само на еден чекор до освојување на седмата шампионска титула, откако вечерва, како гости, го совладаа големиот ривал Работнички (69-60) и поведоа со 2-0 во финалната плејоф-серија што се игра до три победи.

Клучно за нашата победа беше фантастичната серија 12-0 во последната четвртина, во која направивме целосен резултатски пресврт и негативата од четири поени ја претворивме во позитива од 62-54, што се покажа како доволно за конечен успех. Одигравме машки, ниту во еден момент не се откажавме, дури и кога противникот имаше двоцифрена предност (11-21), па бевме вистински кога најмногу требаше и заслужено победивме.

Дамјан Стојановски одигра капитенски и со 16 поени и 10 скока беше најефикасен во нашиот тим. Тој постигна дури осум поени во клучната серија на крајот која ни го донесе посакуваниот триумф. Иве Иванов средбата ја заврши со 10 поени и девет скока, а двоцифрен поентерески ефект имаше и Лестер Медфорд со 10 поени. Предраг Самарџиски и Марко Симоновски постигнаа по девет, а Џејмс Вудард седум поени.

Првата можност за прослава на седмата титула ја имаме веќе задутре, кога ќе се одигра третиот финален меч и тоа во нашата сала „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page