Испечатете ја страната

Одлично искористени минути: Младинците на МЗТ Скопје го растурија Шкупи!

2019 26 Јан

Голобрадите момчиња на МЗТ Скопје на возраст помеѓу 17 и 21 години без никакви проблеми, лесно и убедливо, го торпедира тимот на Шкупи (109-65) во вечерашниот меч од 13. коло до Првата лига, кој како „гости“ го одигравме во „Јане Сандански“.

Разликата во класа беше огромна, поради што тренерот Ѓорѓи Кочов им даде одмор на носителите на играта, а на сметка на тоа на паркетот претежно беше иднината на нашиот клуб. Победата беше обезбедена уште во првата четвртина (32-13), а останатиот дел од мечот мина во одработување на задачата.

Ранко Мамузиќ со 31 поени и Андреј Маслинко со 28 поени и 18 скока одиграа фантастично против „крпениот“ гостин од Чаир, додека веднаш зад нив беше јуниорскиот репрезентативец Лука Стојановски со 23 поени и 13 асистенции. Љубомир Младеновски беше единствениот од поискусните кој настапи и за 16 минути постигна 13 поени, додека Андреј Настовски и Виктор Исајловски постигнаа осум односно шест поени.

Следниот меч за МЗТ Скопје е в среда кога ни гостува српски Вршац во меч од АБА2-лигата.