Младинците без проблеми го искачија Пелистер!

2018 15 Дек

Без повредените Љубомир Младеновски, Дарко Соколов и Марко Симоновски, со заслужен одмор за Лестер Медфорд и Иве Иванов како и со минимална минутажа за Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ, екипата на МЗТ Скопје Аеродром без поголемо проблеми дојде до бодовите во вечерашната пресметка против Пелистер (83-71).

Неизвесноста на овој натпревар траеше само во првата четвртина, која заврши со изедначени 20-20, по што во вториот период „металците“ со серија 13-2 првата посериозно се одлепуваат (39-26) и ја обезбедуваат победничката предност. Потоа следуваше само рутинско одработување на задачата и тоа со петорка која треба да биде иднина на тимот од Аеродром.

Андрија Бојиќ со 23 поени беше најефикасен кај сино-белите, Андреј Маслинко имаше учинок од 15 поени и 12 скока, додека двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Дамјан Стојановски со 14 поени. Андреј Магдевски и Михајло Митев реализираа по девет поени, Леонид Тодоровски шест, Ранко Мамузиќ пет додека Лука Стојановски постигна два поени. Мечот ќе биде запаметен и по дебито на 17-годишниот Виктор Исајловски, кој е еден од најголемите таленти во моментов во нашата младинска школа.

По еден ден одмор, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов веќе задутре (понеделник) ќе заминат за Словенија каде што во вторник ќе му гостуваат на Хелиос Домжале во меч од АБА2-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page