Две победи во два дена! Иванов по Динамик го среди и Кожув!

2018 17 Ное

Одличната тимска игра и фактот што дури шестмина имаа двоцифрен поентерски ефект на крајот, заедно со новиот блесок на Хрватот Иве Иванов, на МЗТ Скопје Аеродром им донесе победа на вечерашното гостување кај Кожув (89-79).

Првото полувреме беше релативно изедначено, а серија 14-3 на стартот од третиот период ни ја донесе првата поопиплива предност (61-53), која потоа умешно ја одржавме до самиот крај на натпреварот. Триумфот е уште позначеј ако се знае дека за нас ова беше трет меч во само шест дена во кој настапивме без полесно повредениот Љубомир Младеновски.

Иванов средбата ја заврши како најефикасен со 19 поени и четири скока. Лестер Медфорд беше стрелец на 14 поени, Џејмс Вудард 13, додека Дарко Соколов, Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко постигнаа по 11 поени.

Наш следен противник е словенечка Рогашка, каде што ќе гостуваме и тоа веќе в среда.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page