Две пеколни четвртини доволни за лесни плус 30 против Вардар!

2018 20 Окт

Без мака, лесно и убедливо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како гости го совладаа тимот на Вардар (102-72) во денешниот меч од 3. коло од Првата лига во кој дојдовме до вториот по ред триумф.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов одиграа две пеколни четвртини, втората и третата, во кои запнаа како што треба и ги добија со 58-26, доволно да се осигураат посакуваните бодови. Петмина од играчите кои се појавија на паркетот имаа двоцифрен поентерски ефект, додека одмор доби хрватскиот интернационалец Иве Иванов, кој беше во составот, но не влезе во игра.

Најефикасен кај нас беше Андреј Маслинко со 20 поени и 10 скока, додека Дамјан Стојановски постигна 17 поени со само едно промашување (3/4 за 3п, 1/1 за 2п, 6/6 за 1п). Андрија Бојиќ беше стрелец на 15 поени со девет скока, Андреј Магдевски реализира 11 поени, Лестер Медфорд застана на 10 поени, додека Љубомир Младеновски имаше девет поени, 11 скока и четири блокади.

Следниот меч за нашиот тим е веќе в среда, кога ќе му гостуваме на босански Зрињски во меч од АБА2-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page