Не успеавме да победиме на стартот од новата сезона во Првата лига

2018 07 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја пропуштија можноста да ја продолжат успешната серија по двата врзани триумфи во АБА2-лигата, откако вечерва, како гости, не успеаја да победа во пресметката со Блокотехна (78-81).

Послабата игра под кошевите во однос на противникот (28-44), фактот што остваривме само еден скок во нападот како и немањето среќа во финишот во клучните моменти, кога при „мртва топка“ стрелката беше на страната на противникот се клучните фактори за неуспешното гостување во Гевгелија.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов одлично го почнаа натпреварот, на стартот од вториот период имаа и плус 12 (33-21), но за жал не продолжија во ист ритам дозволувајќи му на противникот прво да нѐ стигне, а потоа и да излезе како подобар во решавачките моменти.

Дамјан Стојановски и Љубомир Младеновски со по 15 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје Аеродром, Лестер Медфорд реализира 14 поени додека Џејмс Вудард застана на 11 поени. Во нашиот состав го немаше Марко Симоновски поради повреда.

Нашиот тим веќе в среда ќе замине во Словенија каде што еден ден подоцна ќе му гостува на тимот на Приморска.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page