Трајковски по триумфот во Купот: Со пехарот бараме прошка за сите лоши игри сезонава!

2018 18 Фев

Крилниот центар на МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Трајковски, по средбата потенцира дека е пресреќен од големиот успех и освојување на пехарот во Купот на Македонија по победата во финалето над Работнички со 76-67.

Со оглед што се играше на прочка, тој побара прошка од навивачите на клубот за лошите игри во текот на сезоната.

„Зад нас е многу тежок период. Денеска е големиот празник Прочка и затоа сакам да побараме прошка од сите навивачи за сите лоши игри досега. Од сега вртиме нова страница, едноставно почна сонце да нѐ грее. Го освоивме посакуваниот Куп, иако дојдовме како аутсајдери поради сите лоши резултати во АБА и во домашното првенство. Велат јунаците на мака се познаваат, верувам дека ова ќе биде за нас позитивна работа која ќе нѐ носи во преостанатиот дел на сезоната. Го вративме Купот во Аеродром, се надевам и титулата ќе дојде кај нас“, изјави крилниот центар.

Трајковски со 18 поени беше најефикасен во нашиот тим, Дарко Соколов постигна 17, а Дамјан Стојановски 16 поени. За МЗТ Скопје Аеродром ова е деветти триумф во Купот во што се изедначивме со Работнички на врвот од вечната листа победници во ова натпреварување.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page