Утре ќе дознаеме против кого ќе играме на завршниот турнир од Купот на Македонија!

2017 09 Фев

Со победата над Гостивар 2015 (74-69), кошаркарите на Вардар го заокружија кругот од осум екипи кои од 17 до 19 февруари во Кавадарци ќе настапат на завршниот турнир од Купот на Македонија, каде што МЗТ Скопје Аеродром е во улога на бранител на трофејот.

Противниците, пак, на патот кон освојување на деветиот куп-пехар ќе ги дознаеме на утрешната ждрепка на осминафиналните двојки, закажана за во 12 часот во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). На завршницата во Кавадарци, која е во организација на турската компанија „Лимак“ покрај нашата и екипата на Вардар ќе учествуваат уште и Работнички, Фени индустри, Карпош Соколи, Куманово, Кожув и Охрид АВ.

На ждрепката ќе бидат излекувани натпреварувачките броеви на тимовите, а според претходно одредената шема, засега е сигурно дека во првиот по квалитет барабан Работнички и Фени И. ќе ги имаат броевите 1 и 2. Таму ќе се најдат и учесниците во АБА-лигата, МЗТ Скопје Аеродром и К. Соколи меѓу кои со излекување ќе им бидат доделени натпреварувачките броеви 3 и 4. Во вториот барабан ќе се најдат Куманово, Кожув, Охрид АВ и Вардар, а нивните броеви ќе бидат одредени исто така со ждрепка.

СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (17.02)

(А) 1 – 8

(Б) 2 – 7

(Ц) 3 – 6

(Д) 4 – 5

ПОЛУФИНАЛЕ (18.02)

А – Д

Б – Ц

ФИНАЛЕ (19.02)

Победник (А-Д) – Победник (Б-Ц)

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page