Испечатете ја страната

Преку Кожув до финалето од Купот

2016 20 Фев

Со победата над Кожув 72-62, тимот на МЗТ Скопје Аеродром се пласира во финалето од Купот на Македонија кој се игра во Гевгелија. Избраниците на тренерот Јончевски, ја имаа контролата над резултатот во поголемиот дел од средбата, освен во вториот период, кој домашните го добија со 16-12 и на полувремето заминаа со предност од 37-36.  МЗТ Скопје одигра одлична одбрана во третиот период преку кој создаде двоцифрена предност која искусно ја одржуваше до крајот на натпреварот.

Петмина кошаркари на МЗТ Скопје беа со двоцифрен учинок на вечерашниот натпревар. Марко Луковиќ постигна 12, по 11 постигнаа Стојановски, Дреновац и Љубичиќ. Данило МИјатовиќ постигна 10 поени.

Кај домаќините, Брендон Пен постигна 21 поен, додека Алексеј Нешовиќ средбата ја заврши со 20 поени.

Во утрешното финале, МЗТ Скопје за противник ќе го има тимот на Карпош Соколи кој во првото полуфинале беше подобар од Куманово. Финалето е закажано за 19.30ч.