Испечатете ја страната

МЗТ Скопје лесно до полуфиналето

2016 19 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром сосема очекувано се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија откако денеска беа поуспешни од тимот на Бест Гевгелија со резултат 89-58.  Тимот на Бест одигра одлично во првата четвртина која ја доби со резултат 21-18, но тоа беше се што направи на овој меч. МЗТ Скопје вториот период го доби со убедливи 35-10 и на полувремето замина со 53-31. До крајот на средбата продолжи доминацијата на МЗТ Скопје за конечни 89-58.
Капитенот Дамјан Стојановски беше прв стрелец кај МЗТ Скопје со 16 постигнати поени. Горјан Марковски постигна 12, Љубомир Младеновски 11, додека Адем Мекиќ средбата ја заврши со 10 поени.
Кај Бест, Херис беше најдобар поединец со 21 постигнат поен.

МЗТ Скопје во утрешното полуфинале го пречекува подобриот од дуелот Кожув-Фени Индустри.