МЗТ Скопје Аеродром ангажира уште еден репрезентативец на Велика Британија!

2017 20 Јан

На самиот истек на преодниот рок во АБА-лигата, кој трае до крајот на денешниот ден, управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да ангажира уште еден кошаркар кој би ја зголемил конкуренцијата во тимот и кој би бил од голема помош во борбата за опстанок во регионалното натпреварување.

Станува збор за 24-годишниот Девон ван Острум, роден во Холандија, но државјанин и на Велика Британија, кој е висок 193 сантиметри и кој игра на двете бековски позиции. Тој потпиша договор со важност до крајот на АБА-лигата, со можност истиот да биде продолжен и за македонското првенство. Острум во сино-белиот табор доаѓа од Грција каде што настапуваше екипата на Короивос.

Новоангажираниот кошаркар е сениорски репрезентативец на Велика Британија и соиграч на Даниел Кларк, кој претходно беше дел и од кадетската, јуниорската и младинската национална селекција на оваа островска држава. Острум настапи на ЕП 2011 во Литванија, во квалификациите за ЕП 2013 и ЕП 2015, а беше на поширокиот список на британската селекција за ЛОИ 2012 во Лондон. Првите кошаркарски чекори ги прави во шпанска Басконија, а има настапувано за уште неколку шпански пониски лигаши, како и за Цибона, финскиот тим Кувот и грчки Аркадикос.

Од новиот член се очекува да ја пополни празнината по заминувањето на Сулејман Диабате и биде од голема помош за Шарлон Клоф и за Ксавиер Темс во фазата на пренесување на топката и организација на нападите, но и со агресивност и полетност да даде придонес во одбраната, која според тренерот Анте Назор треба да биде клучна во битката за опстанок.

Неговото пристигнување во Скопје се очекува за в недела, што значи дека нема да биде во комбинација за вечерашниот дуел против Карпош Соколи во салата „Борис Трајковски“ (20 часот). Дебито на Острум во дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба да се случи на дуелот против Мега лекс, закажан за 28 јануари во салата „Јане Сандански“, што му дава доволно време за прилагодување и аклиматизација во новата средина.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page