Назор: Младеновски одигра добро, но треба така и да продолжи зошто една ластовичка не носи пролет!

2016 16 Дек

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Љубомир Младеновски, на завчерашното гостување на МЗТ Скопје Аеродром кај Гран Канарија во рамки на Еврокупот ја доби најголемата шанса сезонава, која според сите оценки ја искористи на вистински начин со учинок од 11 поени и шест скока од кои сите беа во фазата на нападот.

Високиот центар на најдобар начин ја пополни празнината под кошевите поради неиграњето на повредениот Џош Скот (коленото), што дефинитивно треба да биде и мотив плус за понапорна работа во следниот период. По доаѓањето на Анте Назор на клупата на сино-белите, Младеновски и Адем Мекиќ имаат дополнителни индивидуални тренинзи со хрватскиот стратег што полека, но сигурно почнува да вродува со плод.

Точно е дека Младеновски одигра солидно во Шпанија, но како што се вели една ластовичка не носи пролет иако се гледа напредок кај него и кај Мекиќ откако почнавме со дополнителните тренинзи. Тоа што ме радува е што тој полека станува свесен дека може да има свој придонес во овој состав на МЗТ Скопје Аеродром, но само кога е максимално ангажиран што, пак, не му дава право во иднина да не биде целосно посветен на тренинзите и на средбите. Младеновски и не е веќе толку млад играч и дефинитивно мора да покаже дека сака да направи исчекор напред и да си ги зацврсти позициите во тимот како и дека е подготвен максимално да ја искористи секоја секунда која ќе ја добие во игра. За него повеќе нема простор да ја има улогата на вечен талент бидејќи во модерната кошарка не постои млад или стар играч туку кошаркари кои може да одговорат на предизвикот и тие што не можат да го издржат притисокот. Дуелот со Гран Канарија треба да го поттикне секојдневно да работи повеќе од другите, да биде борбен, на моменти безобразен и да се наметне за да добие шанса како оваа во Шпанија, која дефинитивно ја искористи“, анализира тренерот Назор.

Младеновски сезонава доби шанса на седум средби во АБА-лигата на кои одигра вкупно 37 минути и постигна девет поени заедно со седум скока и две блокади. Во Еврокупот, пак, беше искористен на шест натпревари на кои просечно играше по речиси 11 минути и постигна вкупно 19 поени, 12 скока и четири блокади.

Високиот центар следната шанса да покаже дека добрата игра во Лас Палмас не е само плод на случајноста ја има веќе утре, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува досега непоразената во АБА-лигата екипа на Црвена звезда (17 часот). Билетите се веќе во продажба по цена од 100 (сто) денари.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page