Официјално: Британецот Кларк е нов член на МЗТ Скопје Аеродром!

2016 20 Окт

Кошаркарскиот репрезентативец на Велика Британија, Даниел Кларк (28 год., 210 см.) е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска и официјално ги заврши сите формалности околу потпишување договор со актуелниот македонски шампион.

Станува збор за кошаркар кој игра на позицијата силно крило, но кој по потреба може да биде искористен и како класичен центар. Изминативе десетина години настапуваше во силната шпанска АЦБ-лигата и тоа почнувајќи од тимот на Естудијантес, во кој пред точно една деценија го имаше сениорското деби на 18-годишна возраст, преку Бреоган во следните две сезони како позајмен играч, Лаборал Куча, Сарагоса, Фуенлабрада до Андора Морабанк, каде што во минатиот шампионат настапуваше заедно со македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски.

Кларк летово беше дел од селекцијата на Велика Британија, за која дебитира во 2009 година и со која играше на ЛОИ 2012 во Лондон, во квалификациите за ЕП 2017, каде што беше во иста група со Македонија. Новиот член на аеродромци на шесте одиграни средби оствари завиден просек од 13,7 поени и 4,7 скока и тоа за нецели 20 минути поминати на паркетот. Британците, кои се пласираа за следниот континентален собир, остварија победи во двата меча против жолто-црвената селекција (96-79 дома и 89-62 во Кавадарци). Кларк на првиот дуел постигна 10 поени (2/4 за 3п, 1/4 за 2п, 2/3 за 1п) заедно со осум скока и четири асистенции додека на втората средба беше уште порасположен со учинок од 21 поен (4/7 за 3п, 4/7 за 2п, 1/1 за 1п) и пет скока.

Британецот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа на местото на Џеремаја Мејси, со кого неодамна беше раскинат договорот. Тој синоќа пристигна во македонската престолнина, каде што денеска ќе го има првото запознавање со новите клупски колеги. Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува веќе в недела против Карпош Соколи на домашен терен во рамки од 6. коло од АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page