Јончевски: Само со игра како во второто полувреме во Паневезис ќе почнеме да победуваме!

2016 13 Окт

Фантастична игра во последниот период, финиш сличен на историскиот дуел на Македонија против Литванија на ЕП 2011, но овој пат епилог без среќен крај. Вака во една реченица би можел да се опише поразот на МЗТ Скопје Аеродром на синоќешното гостување против литвански Лиеткабелис на стартот од престижниот Еврокуп.

„Металците“ четвртиот дел од играта го добија со 31-16, по тројката на Стефан Синовец во стилот на Владо Илиевски на горе споменатиот историски меч во Каунас дојдоа до плус еден на 3,4 секунди, но не издржаа и загубија со кош во последната десетинка. Снимката од оваа ситуација се вртеше илјадници пати синоќа по натпреварот на телефоните, таблетите и лаптоповите на играчите и на членовите на стручниот штаб, кои не можеа да сфатат како до толку немаа среќа во обидот да дојдат до првата победа сезонава.

Детално се анализираше секоја стотинка од кобниот за нив период, а заклучокот е дека судиите навреме пуштија времето да тече. Но и дека немаше да погрешат ако досудеа прекршок во напад од Донатас Таролис, кој со две раце го туркаше Шарлон Клоф пред да дојде до офанзивниот скок и победничкиот поени од одбојка.

„Воопшто немаше да биде незаслужено ако и ние победевме во овој натпревар, со напомена дека домаќинот ги заслужи сите честитки за остварениот триумф, за кој вложија голем напор. Имавме големо враќање во натпреварот по негативата од 23 поени, но немавме среќа во клучните моменти. Ова воопшто не е вистинскиот МЗТ Скопје Аеродром со оглед на отсуството на Ѓорѓе Дреновац и на Јуре Лалиќ во второто полувреме. Задоволен сум од начинот на кој одговоривме во последната четвртина и на кој се вративме во мечот и навистина ми е криво што не го крунисавме сето тоа со голема победа. Добрата игра ни дава надеж дека пред нас е период во кој ќе оствариме подобри резуктати. Ако во продолжение од сезоната играме како во второто полувреме, тогаш мислам дека ќе брз ќе се вратиме на победничката патека“, изјави по средбата тренерот на сино-белата чета, Александар Јончевски.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денешниот ден ќе го минат во патување на релација Паневезис-Скопје преку Истанбул, по што од утре почнуваат со подготовка за следниот предизвик – хрватска Задар кој ќе нѐ нагости в недела во салата „Крешимир Ќосиќ“. Идеална шанса за прв триумф со оглед на лошата серија во која се наоѓаат и задарските кошаркари, но тоа првенствено ќе зависи и од здравствениот билтен на аеродромци, кој во моментов е далеку од добар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page