Со девет кошаркари немоќни за нешто повеќе на гостувањето кај Морнар

2018 11 Мар

Ослабени поради неиграњето на повредениот Бојан Трајковски и непријавените во АБА, Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија на вечерашното гостување кај Морнар (75-106), во последниот меч сезонава во регионалното натпреварување.

Згора на тоа, на клупата го немаше и тренерот Жељко Лукајиќ поради семејни обврски, што донесе деби на младиот Ѓорѓи Кочов. Играчите кои настапија во Бар дадоа сѐ од себе и се бореа колку што можеа, но на крајот го загубија здивот и влегоа во проблеми со личните грешки, шпто противникот го искористи драстично да ја зголеми крајната позитива. Сино-белите во третиот период намалија и на само минус осум (44-52), но немаа сили за нешто повеќе.

Марко Симоновски со 27 поени (шест тројки) беше најпрецизен кај „металците“, а одличен натпревар одигра и Јуре Лалиќ со 22 поени (18 од нив во првото полувреме) и 11 скока. Двоцифрен поентерески ефект имаше и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Со овој пораз, МЗТ Скопје остана на три победи во АБА-лигата, по што силите ќе ги насочи кон одбрана на домашната титула. Веќе задутре нив ги очекува меч на домашен терен против Фени индустри од заостанатото 18. коло додека следниот викенд ќе гостуваат во „Градски парк“ кај најголемиот ривал, Работнички.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page