Дамјан по поразот од Будуќност: Ни претстои напорна работа ако сакаме да бидеме подобри!

Дамјан по поразот од Будуќност: Ни претстои напорна работа ако сакаме да бидеме подобри!

2018 11 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија на вечерашното гостување кај Будуќност (62-104), во меч од 20 коло од АБА-лигата, кој за нас беше претпоследен на гостински терен сезонава во регионалното натпреварување.

Малиот фонд на играчи, особено на плејмејкерската позиција, дополнително ја отежна задачата на избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ на гостувањето во Подгорица, каде што отпатувавме со желба за подобрување на впечатокот. Крафорд и Нешовиќ немаа прави на настап, а Симоновски, Минчев и Мајсторовиќ не играа поради повреди. Тоа, сепак, не беше главната причина за неуспехот против една од најсилните екипи во АБА, која доминираше во сите 40 минути од средбата,

Јуре Лалиќ со 17 и Радосав Спасојевиќ со 14 поени беа најпрецизни во составот на МЗТ Скопје Аеродром. Сега, следува пауза во АБА поради завршницата од Купот во сите земји кои даваат претставници во ова натпреварување, а потоа има и двонеделна пауза поради настапите на репрезентациите во февруарскиот прозорец на ФИБА. Следниот меч за аеродромци во оваа лига е на 3 март кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Цедевита.

Наредниот викенд, пак, ќе биеме битка за куп-трофејот во Кавадарци, каде што противник во четврт-финалето ќе ни биде Фени индустри.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page