Лукајиќ: Во Подгорица да пробаме да го подобриме впечатокот во АБА-лигата!

Лукајиќ: Во Подгорица да пробаме да го подобриме впечатокот во АБА-лигата!

2018 11 Фев

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва, во Подгорица, против Будуќност (19 часот), ќе го одигра претпоследниот гостински натпревар во АБА сезонава и тоа во склоп на 20 коло од ова регионално натпреварување.

Противникот е една од најдобрите три екипи во лигата, кој се бори за подобра позиција во плејофот и во оваа пресметка влегува како голем фаворит за победа. „Металците“ ќе настапат со истенчена бековска линија, без Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ, кои немаат прави за настап во јадранската конкуренција, како и без Марко Симоновски. Надвор од стројот е и Ѓорѓе Мајсторовиќ, што прави дополнителен проблем за тренерот Жељко Лукајиќ.

„Без разлика на ситуацијата во која се наоѓаме, за нас секој натпревар е исклучително важен исто како и секој тренинг до крајот на сезоната. Против Будуќност, без разлика што ќе настапиме без плејмејкерите кои претходно беа со нас, ќе пробаме да одиграме нешто ново во одбраната каде што се надевам дека ќе го подобриме индивидуалниот пристап кон задачите, што потоа ќе ни користи на другите фронтови. Сакаме да го подобриме впечатокот во АБА иако сме свесни дека против себе ќе имаме исклучително силен тим, кој е меѓу најдобрите во лигата, а сакаме и да ја подобриме атмосферата во екипата пред клучниот дел од сезоната на домашната сцена“, вели предводникот на составот од Аеродром.

Ова е последен меч за МЗТ Скопје Аеродром пред завршницата од Купот на Македонија, која ќе се одигра следниот викенд во Кавадарци.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page