Лукајиќ: Немам објаснување за тоа што ни се случи против Петрол Олимпија!

2018 04 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија во синоќешната пресметка со Петрол Олимпија (55-96), во меч од 19. коло од АБА-лигата, кој воедно беше претпоследен за нашиот клуб на домашен терен сезонава во регионалното натпреварување.

Сино-белите одиграа повеќе од солидно во првото полувреме по кое имаа водство од 39-37, но потоа се случи огромен пад во играта што противникот од Љубљана максимално го казни за убедлива победа на крајот. Најпрецизни во нашиот тим на оваа средба беа Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски со по 12 поени.

„Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови. Во мојата долга кариера првпат не можам да објаснам зошто имаме ваков пад во играта и тоа во континуитет. Знам дека имаме проблем во ротацијата, дека имаме голем број на повреди и дека ни недостасуваат играчи, но ако го анализирам овој меч, ама баш ништо не ми е јасно. Во првиот дел изгледавме како тим, примивме 37 поени, бевме агресивни и се боревме. Можам да го оправдам нападот што немаше течност затоа што ни фали 'глава' - еден плејмејкер, но никако не можам да го објаснам второто полувреме. Не погодивме два отворени шута и од тој момент целата игра застана. Мора да анализираме што е досега направено и да направиме план како понатаму. Сега нѐ чека важен меч во првенството, а во него влегуваме со лошо расположение. Навивачите апсолутно се во право што ни се лутат и за овој и за сите останати лоши резултати“, изјави Лукајиќ.

„Металците“ немаат премногу време за анализа за тоа што се случи синоќа во „Јане Сандански“, бидејќи веќе утре ги очекува дерби дуел со Блокотехна (18.30 часот) во Гевгелија во кој ќе пробаат да се реваншираат за поразит на домашен терен во првиот дел од првенството во Првата лига.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page