Лукајиќ: Цибона е преискусна, на нас е да одиграме најдобро што можеме!

2018 13 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре ќе ѝ гостуваат на Цибона (15 часот), во меч од 16. коло од АБА-лигата во кој домаќинот влегува како голем фаворит додека македонските кошаркари со желба да прикажат добра игра и да пробаат да го изненадат поранешниот европски шампион.

Тренерот Жељко Лукајиќ и на овој меч нема да може да смета на повредениот Дарко Соколов, но тоа нема да биде пречка останатите да го дадат својот максимум и да пробаат да стават крај на низата порази. Сино-белите знаат како се победува во Загреб, нешто што го направија во првиот воопшто меч во друштвото на најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија.

„Пред нас е меч во кој бараме победа за кревање на атмосферата во тимот. И овој пат се соочуваме со проблеми со повредени кошаркари, со оглед што Соколов сѐ уште не е подготвен да ни помогне. Згора на тоа, ростерот и понатаму не ни е докомплетиран со оглед на празнината на плејмејкерската позиција по заминувањето на Павичевиќ. Од друга страна, против себе ќе ја имаме силната Цибона, која има голем број преискусни играчи со долгогодишно искуство во АБА-лигата. На нас е да го дадеме максимумот, да покажеме дека формата е во нагорна линија и да пробаме да го покажеме тоа во Загреб“, вели Лукајиќ.

Претставници на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе бидат на трибините во салата „Арена“ каде што ќе навиваат за ракометната репрезентација на Македонија во дуелот со Словенија на Европското првенство (ЕП). Присуството, пак, на голем број македонски навивачи во Загреб е шанса (по)голем дел од нив да се појават утре на трибините во салата на Цибона за да им дадат помош на кошаркарите од скопската населба Аеродром.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page