МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Игокеа во првиот меч во 2018 година

2018 05 Јан

Со желба за почеток со далеку подобри резултати, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го очекуваат денешниот први меч во 2018 година и тоа на домашен терен против екипата на Игокеа (17 часот).

Тоа е тимот против кој беше остварен и последниот триумф сезонава во АБА-лигата, што е своевиден дополнителен мотив за сино-белите да ја повторат играта од Лакташи и да пробаат со победа да влезат во една нов, далеку подобар период од сезоната во регионалното натпреварување.

„Се надевам дека ќе ја прикажеме истата енергија како и на претходните домашни средби на кои игравме далеку подобро во однос на гостувањата. По мечот кај Задар ги засиливме тренинзите, работевме напорно бидејќи клучно е да ја кренеме физичката подготовка за да може во завршниците да влеземе со поголеми шанси за победа. Уште сме во проблеми со ростерот, Соколов и понатаму е во 'аут', а Симоновски се врати, но прашање е колку ќе може да помогне со неколку одработени тренинзи. Но, неговото враќање значи многу за екипата во ситиација кога имаме скусена ротација на бековските позиции. Игокеа е искусен тим, предводен од Вук Радивојевиќ, добро се познаваат играјќи подолго заедно. Наше е да продолжиме да ја креваме формата и низ тоа да се обидеме да дојдеме и до победа“, вели Лукајиќ.

Игокеа е една од екипите против која МЗТ Скопје Аеродром има позитивен биланс во досегашните пресметки во АБА-лигата со оглед на меѓусебниот скор 6-5 во корист на македонскиот шампион. Ова ќе биде шести дуел на двата тима во Македонија, каде што босанскиот претставник има подобар учинок од 3-2.

Судии на средбата се Јосип Радојковиќ и Денис Хаџиќ од Хрватска како и Радош Арсенијевиќ од Србија. Билетите се по цена од 50 денари и вече се пуштени во продажба. Предвиден е телевизиски пренос на Македонската телевизија (МТВ) и на Арена спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page