МЗТ Скопје Аеродром вечерва домаќин на ФМП во меч од АБА-лигата!

2017 22 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го пречекаат српскиот тим ФМП (20 часот), во меч од 13. коло од АБА-лигата во која ќе се обидеме да дојдеме до третиот триумф со што би најавиле подобри денови и обид за избегнување на последното место на табелата во регионалното натпреварување.

Против себе имаме незгоден противник, кој веќе има остварено пет победи, но кој исто како и „металците“ е во црна низа и тоа од три порази по ред. Тренерот Жељко Лукајиќ се соочува со проблеми со повреди, пред сѐ кај Марко Симоновски и Дарко Соколов, кои ги пропуштија последните неколку тренинзи, но и покрај тоа останатите во тимот најавуваат жестока борба за секоја топка и трошење на последниот атом енергија.

„Лошо е што во моментов имаме проблем со неколку повредени играчи, на кои речиси сигурно нема да може да сметаме, што ми создава големи главоболки. ФМП е млад и полетен тим, кој секоја година дополнително се докажува, вадејќи квалитетни млади играчи паралелно со остварување добар резултат. Имаат забележителен резултат во АБА-лигата што сигурно е за пофалба. На нас е успешно да ги замениме отсутните кошаркари, да дадеме сѐ од себе и да пробаме со победа да го кренеме расположението. Шансата треба да ја бараме во тимската игра и силната енергија, заедно со голема агресивност на сите петмина на паркетот. И секако, да ја запреме одличната игра два на два на ФМП, која некако и нивно најсилно оружје“, вели Лукајиќ.

Ова ќе биде четврти натпревар на овие два тима во регионалното натпреварување, а досегашниот скор е 2-1 во корист на вечерашните гости во „Јане Сандански“. Судии на средбата ќе бидат Милош Кољеншиќ (Црна Гора), Матеј Шпендл (Словенија) и Крунослав Пеиќ (Хрватска). Билетите се веќе во продажба по цена од 50 денари. Предвиден е телевизиски пренос на Македонската телевизија (МТВ) и на Арена спорт.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page