МЗТ Скопје Аеродром не успеја да изненади на гостувањето кај Партизан!

2017 16 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да дојдат до третата победа сезонава во АБА-лигата, откако вечерва загубија на гостувањето кај Партизан со 94-112.

Сино-белите одлично го почнаа натпреварот, поведоа со 8-2, но тука застанаа. Противникот прво го презеде водството со серија 11-2, а набрзо потоа дојдоа и до двоцифрена позитива (28-18). Потоа на теренот постоеше само еден тим, тој на Партизан, кој кон средината на третата четвртина дојде и до позитива од 32 поени (80-48). Следуваа дури пет тројки во низа на нашите кошаркари и серија 17-2 за намалување на 16 поени негатива (70-86), но тоа како да им ја зеде целата енергија на избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ.

Белграѓани за кратко време одново ја кренаа предноста на повеќе од 20 поени со што ја осигураа победата.

Бојан Трајковски средбата ја заврши со 20 поени (четири тројки), Дарко Соколов и Јуре Лалиќ реализираа 14 односно 13 поени, додека Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 12 поени.

Следниот меч За МЗТ Скопје во АБА-лигата е веќе в петок, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува тимот на ФМП.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page