МЗТ Скопје Аеродром не ја освои Љубљана, по голема борба загубивме од Петрол Олимпија

2017 12 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат на една гостинска победа сезонава во АБА-лигата, откако вечерва, по голема борба, загубија на гостувањето кај Петрол Олимпија со 85-94.

Домаќинот постојано беше во водство, но избраниците на тренерот Александар Тодоров во неколку наврати со брза и прецизна игра правеја резултатски пресврт што им донесе надеж дека може да дојдат до посакуваните бодови во Љубљана. Но, во финишот како да им снема енергија, па најмногу што направија беше само намалувањето на еден поен негатива (83-84). Домаќинот имаше повеќе среќа во тие моменти и на крајот се радуваше на значајниот триумф.

Доминик Мавра имаше одлично јадранско деби со 21 поени (пет тројки), Дамјан Стојановски постигна 14 поени додека Јуре Лалиќ и Никола Павличевиќ средбата ја завршија со 13 односно 12 поени.

Следен противник на МЗТ Скопје Аеродром е силниот црногорски тим Будуќност, кој ќе гостува во „Јане Сандански“ следната недела. Претходно, задутре од 19 часот, сино-белите ќе треба да ја одработат домашната задача, дома против Гостивар.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page