Црногорецот Павличевиќ дојде, а Бејли си замина од таборот на МЗТ Скопје Аеродром

2017 07 Ное

Црногорецот Никола Павличевиќ (29 год., 192 см.) до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска се обврза на договор со шесткратниот македонски шампион со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП). Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена.

Тој доаѓа на местото на Американецот Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со нашиот клуб и кој нема да биде продолжен. Тој настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.

Управата и стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодаруваат на вложениот труд и му посакуваат сѐ најдобро во продолжението од кариерата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page