Не успеавме да се вратиме и да победиме против Мега Бемакс

2017 05 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија во вечерашниот меч на домашен терен од Мега Бекамс (76-92), одигран во рамки на 7. коло од АБА-лигата.

Сино-белите лошо го отворија мечот, по само четири минути веќе имаа двоцифрена негатива (4-14), а пред крајот на првото полувреме гостинот имаше и највисоки плус 25 (22-47). Во второто полувреме заигравме подобро, а последниот период го почнавме со серија 12-0 која нѐ донесе на само пет поени негатива (65-70). Противникот, сепак, на секој наш напад одговараше со тешка тројка, што значеше и крај на надежите за нешто повеќе на оваа средба.

Бојан Трајковски со 16 поени беше најефикасен кај сино-белите, Дамјан Стојановски постигна 13, а Радосав Спасојевиќ 12 поени.

Следен наш јадрански противник е екипата на Унион Олимпија, каде што ќе гостуваат следната недела. Претходно, в четврток, тие ќе му гостуваат на Куманово во меч од 5. коло од домашната Прва лига.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page