Испечатете ја страната

Доминик Мавра е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

2017 03 Ное

Хрватскиот интернационалец Доминик Мавра (23 год., 194 год.) е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска ги заврши сите формалности околу потпишувањето договор со шесткратниот македонски шампион.

Станува збор за кошаркар кој игра на двете бековски позиции, а кој сезоната ја почна во дресот на шпански Хувентуд, со кој исто така денеска ја прекина соработката. За Мавра ова е враќање во градот каде што настапуваше минатата сезона, со оглед што беше член на тимот на Карпош Соколи. Тој во дресот на „соколите“ настапи на 19 средби во АБА-лигата со просек од 9,2 поени и 3,7 асистенции.

Хрватот беше најзаслужен за пехарот во Купот на Македонија на Карпош Соколи, за што беше избран за МВП на завршницата во ова натпреварување минатата сезона. Кариерата ја почна во Загреб, а досега има играно уште и за Сплит, Цибона и полскиот тим МКС Даброво. Летово беше на поширокиот список на репрезентацијата на Хрватска за настап на ЕП 2017, а има златни медали од јуниорско и кадетско европско првенство во дресот на „коцкестите“.

Неговото пристигнување во Скопје се очекува утре, а ако сѐ биде како што треба, Мавра ќе дебитира во сино-белиот дрес на неделниот дуел против Мега Бемакс во рамки на 7. коло од АБА-лигата.