МЗТ Скопје Аеродром вечерва домаќин на Задар!

2017 09 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, во меч од 3. коло од АБА-лигата, се во улога на домаќини на тимот на Задар (18 часот), кој и покрај двата порази на стартот од регионалното натпреварување, сепак, е квалитетен тим кој мора сериозно да се сфати.

Задрани пружија силен отпор на гостувањето кај Будуќност, што треба да биде причина за дополнителна мобилизација во редовите на македонскиот шампион. „Металците“, пак, се решени да го исправат впечатокот од претходниот меч против ФМП во кој лошиот финиш беше причина за висок пораз.

„Задар е екипа која на неодамнешното гостување во Подгорица кај Будуќност покажа дека може да игра кошарка на високо ниво. Има неколку опасни поединци на кои е базиран нивниот систем во нападот. Ние изминатиов период работевме напорно на отстранување на грешките од првите две средби во АБА-лигата. Очекувам да прикажеме многу подобра игра и пред сѐ залагање, особено во однос на средбата против ФМП во Белград“, изјави тренерот Александар Тодоров.

На претходните два меча на сино-белите еден од подобрите во составот на македонскиот шампион беше Американецот Даниел Џенсен.

„Досега одигравме две дијаметрално спротивни натпревари, добар против Партизан и лош против ФМП, па против Задар очекувам да покажеме зрелост и да докажеме дека можеме многу подобро од тоа што го прикажавме во второто полувреме на дуелот во Белград. Работиме одлично, добро ја анализиравме играта на Задар и сметам дека ако се придржуваме на планот на тренерот дека ќе дојдеме до посакуваната цел. Противникот е незгоден, кој не смее да се потцени туку треба со давање максимум да го наметнеме својот ритам. Ако успееме во тоа, ќе можеме да размислуваме за победа“, изјави крилниот центар.

Ова ќе биде 11. дуел на овие две екипи во АБА-лигата, а досегашниот меѓусебен скор е 5-5 со тоа што МЗТ Скопје доминираше во периодот од 2012 до 2014 со скор 4-1 додека задрани вратија на идентичен начин во следните пет средби. Судии на вечерашниот натпревар ќе бидат Словенците Дамир Јавор и Сашо Петек како и Бранислав Мрдак од Србија. Предвиден е телевизиски пренос на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

Цената на билетите за вториот домашен меч сезонава изнесува 100 (сто) денари, а тие може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page