Тодоров: Физички сме добро подготвени, но треба уште да работиме на тактиката и на одбраната!

2017 11 Сеп

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, минатата недела го одигра првите три пријателски средби во пресрет на новата сезона и тоа во Истанбул каде што на меѓународниот турнир во Бујукчекмече загуби од истоимениот домаќин и од Цибона, а потоа го совлада турскиот второлигаш Бакиркој баскет.

Овие контроли на тренерот Александар Тодоров му ја покажаа моменталната сила на екипата со која располага, а во која доминантни беа домашните кошаркари дополнети со тројца Американци кои речиси да немаат никакво искуство од настапи на европска сцена. Ситуација идеална за првата анализа со тренерот Тодоров на дваесетина дена пред почетокот на АБА-лигата, каде што во првото коло ќе го пречекаме белградски Партизан.

Како ја оценуваш играта од првите три пријателски средби и колку си задоволен од нив - играчки и резултатски?

„Сметам дека како за први натпревари покажавме дека имаме компетитивна екипа. Нормално, ги видовме и проблемите и предностите кои ќе ги имаме во предстојната сезона и тоа е нешто на кое ќе обрнеме внимание во тренинзите во наредниот период. Во секој случај, задоволен сум што можевме да одиграме контроли со два силни тима, на еден турнир организиран на високо ниво. Веќе добивме покана и следната година да бидеме дел од овој традиционален турнир, кој планираат од следното издание да го направат со шест екипи“.

Какво е нивото на подготвеност кај играчите и дали сметаш дека има доволно време за подобрување на работите?

„Имаме многу работа на тактички план, пред сѐ во одбраната, каде покажавме значителни недостатоци. Имавме проблем и во скокот и во напад и во одбрана, но факт е дека на центарската позиција игравме во една скратена ротација. Што се однесува до физичката подготовка, повеќе од задоволен сум од она што го прикажавме. Таму е очигледна одличната работа на нашиот нов кондиционен тренер Петар Баснарков“.

Сезонава во тимот на МЗТ Скопје Аеродром има повеќе млади таленти. Како ја оценуваш нивната досегашна работа?

„Мојот концепт е да се игра со претежно домашни играчи во ростерот. По мојата прва прес-конференација, кога го преставив тој концепт, многумина познавачи на домашната кошарка ме советуваа дека тоа е пат во сигурен неуспех. Она што се виде во Турција е фактот дека домашните играчи во изминатите години биле само една бројка за пополнување на составите на своите екипи и затоа сега, кога од нив се бара да преземат одговорност, тоа ќе преставува еден голем проблем, барем до оној момент кога ќе успеат да ја надминат таа бариера.

Но, сигурен сум, а особено по она што ѝ се случи на репрезентацијата во претквалификациите за СП 2019, дека тоа е единствениот пат по кој мора да се помине, за да во некое скорешно време се вратиме на завршниците на големите натпреварувања. Нормално, ќе помогне бројот од два домашни играчи на терен во домашното првенство, иако сметам дека тој треба да се зголеми на три. Но, што правиме во поквалитетните европски или балкански натпреварувања, каде што повторно ќе гледаме по петмина странци во петорка“.

Колку ангажманот на Лалиќ ќе го крене квалитетот на играта на шампионот?

„Јасно беше уште пред заминувањето за Турција дека таа позиција ќе треба брзо да биде пополнета. Средбите таму, а посебно полуфиналето, каде противникот имаше дури 50 скокови наспроти 38 наши, покажа дека таков профил на играч ни е неопходен. Со Лалиќ имавме контакти веќе 15-20 дена, во меѓувреме тој дури одби и една понуда на екипа од Македонија и тој беше нашиот таргет број 1 за таа позиција. Се надевам дека на престојните две средби во Софија ќе успееме да почнеме со неговото вклопување во екипата“.

Сино-белите кошаркари по дводневниот одмор, денеска и утре ќе тренираат во салата „Јане Сандански“ по што задутре ќе заминат кон Бугарија на пријателски средби со прволигашите од оваа земја, Левски и Лукоил Академик.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page