Ксавиер Темс повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 27 Јул

Американецот Ксавиер Темс повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше потпишан спогодбен раскин на договорот.

Бекот и покрај фактот што имаше двегодишен договор, уште по завршувањето на минатата сезона изрази желба да си замине од Македонија. Управата на клубот изминативе месеци направи сѐ за да го предомисли и задржи во своите редови, но сето тоа беше залудно. Темс сакаше да настапува во, според него, посилно првенство и беше цврсто решен да ја прекине соработката дури и по цена да паузира.

Откако не успеаја убедувањата, раководството на „металците“ ја одреди цената на отштетата, која Американецот денеска ја уплати на сметката на клубот по што доби раскин на договорот и сертификат за да може да настапува во нова средина.

Според информациите од Израел, од денеска тој е нов член на екипата на Бнеи Херцлиа.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page