Американецот Гарсија е нов член на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 26 Јул

Ерик Гарсија (22 год., 183 см.), доскорешниот член на универзитетот Вофорд од американската НЦАА-лига е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска официјално го потпиша договорот со шесткратниот македонски шампион.

Станува збор за плејмејкер, кој би требало да има улогата на организатор на играта на сино-белите во следната сезона. За Гарсија ова ќе биде прво искуство во европската кошарка по четиригодишен настап за Вотфорд за кој одигра 128 натпревари од кои на дури 119 беше во улога на стартер. Во НЦАА-кариерата имаше просек од 9,8 поени, 4,2 асистенции и 2,3 скока, а убедливи беше најдобар во последната година на универзитетот кога на 33 средби просечно реализираше 14 поени, 6,8 асистенции и 2,8 скока.

Претходно, во таборот на аеродромци дојдоа Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ како и младите и талентирани Михајло Митев и Ранко Мамузиќ додека договорна обврска од минатата сезона имаат Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс. МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона ќе биде предводен и од нов тренер, функција која ќе ја извршува повратникот Александар Тодоров.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page