Сезоната во АБА почнува на 30 септември, утре ќе го дознаеме распоредот на средбите!

2017 09 Јул

Со присуство на 12-те екипи кои ќе настапат во новата сезона, меѓу кои е и МЗТ Скопје Аеродром, утре, во Загреб, ќе се одржи редовното Собрание на АБА-лигата на кое, меѓу другото, ќе биде усвоен календарот и ќе биде извлечена ждрепката според која ќе биде направен распоредот на натпреварите за новата сезона.

Според предложеното, 17. издание на регионалното натпреварување ќе почне на 30 септември, а последното коло е закажано за 11 март следната година. Во календарот кој ќе се најде на усвојување пред клубовите е предвидена пауза за време на репрезентативните прозорци во ноември и февруари в година, што, пак, значи дека репрезентативците од МЗТ Скопје Аеродром ќе немаат проблем да играат за националната селекција Македонија во евентуалните квалификации за СП 2019.

На утрешното Собрание ќе треба да се усвојат и Пропозициите за натпреварување, во кои нема значајни промени, но во кои е истакнато дека МЗТ Скопје Аеродром ќе има загарантирано место во АБА-лигата и за сезоната 2018/19. Ова би можело да се промени само ако до крајот на годината лигата постигне своевиден договор со федерациите на државите од кои доаѓаат екипите.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page