ОФИЦИЈАЛНО: Александар Тодоров е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 15 Јун

Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација, Александар Тодоров (43), е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска и официјално потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Името на Тодоров, за кого ова ќе биде четврто седнување на клупата на „металците“, е веќе со златни букви впишано во сино-белата историја како прв тренер кој успеал да ја донесе шампионската титула во „Јане Сандански“ во сезоната 2011/2012 и како прв стратег кој ја почнал јадранската пловидба на МЗТ Скопје Аеродром. Дебито, пак, на клупата на аеродромци го имаше во веќе далечната 2000 година, а екипата ја предводеше и во 2007 година.

Тодоров доаѓа на местото на хрватскиот стручњак Анте Назор, кому му истече договорната обврска со нашиот клуб и кому управата на клубот му се заблагодарува на вложениот труд и му посакува сѐ најдобро во кариерата.

Пред македонскиот стратег е сериозна задача за обнова на тимот со оглед што во моментов договорни обврски имаат само капитенот Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Темс. Новиот тренер ќе може да смета и на талентите од младинската школа вклучувајќи ги и веќе промовираните првотимци Леонид Тодоровски, Андреј Настевски, Дамјан Миса, Петар Прентовиќ и Мартин Милевски. Негова примарна задача уште од првиот ден ќе биде пополнувањето на празнините во составот за создавање на конкурентен тим кој ќе ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и ќе има забележителен настап во АБА-лигата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page