ОФИЦИЈАЛНО: МЗТ Скопје Аеродром и во следната сезона ќе биде дел од АБА-лигата!

2017 23 Мај

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде дел од АБА-натпреварувањето и во следната сезона без разлика на крајниот епилог во домашното првенство, откако на денешното Собрание на регионалното натпреварување беше договорено лигата да се „затвори“ и листата на учесници однапред да се одреди без разлика на пласманот во националните шампионати.

Челниците на клубовите решија да го намалат бројот на екипи од 14 на 12 со цел да се засили квалитетот како и поради проблемите со календарот со оглед на новиот систем квалификации за Мундобаскетот во Кина. Според одлуката на денешното Собрание, во наредното јадранско првенство сигурно ќе учествуваат по четири екипи од Србија, три од Хрватска, две од Црна Гора и по една од Словенија, БиХ и од Македонија.

Со оглед на фактот што единствено Кошаркарската лига на Србија (КЛС) ја има признато АБА-лигата, единствено кај нашиот северен сосед пласманот ќе биде репер по кој ќе се одредат тимовите кои ќе настапат во следната сезона. Останатите екипи веќе се одредени, а тоа се Цедевита, Задар, Цибона, Будуќност, Морнар, Унион Олимпија, Игокеа и нашиот МЗТ Скопје Аеродром. Причина за ваквата одлука е фактот што ниту една од националните федерации не ја признава АБА-лигата, а со цел да се заштитат интересите на тимовите кои важат како основачи на ова натпреварување.

На денешниот собир во Загреб е решено да се организира Суперкуп во Бар кон крајот на септември на кој ќе настапат домаќинот Морнар, четирите најдобри екипи од плејофот (Црвена Звезда, Партизан, Цедевита и Будуќност) како и една или три екипи (постојат варијанти со шест и со осум екипи) кои би добиле специјална покана.

Истовремено, решено е да се формира младинска АБА-лига на која ќе настапат кошаркари до 19 годишна возраст, која би се играла според турнирски систем. Исто така, најавен е почеток на проектот за формирање Втора лига во која секоја од шесте земји би имала по двајца претставници.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page