Вечерва ни гостува Морнар за крај на сезоната во АБА-лигата!

2017 13 Мар

Со желба за победнички крај на сезоната во АБА-лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го очекуваат вечерашниот дуел на домашен терен против црногорски Морнар (18 часот), кој се игра во рамки на последното коло од регионалното натпреварување.

Тоа ќе биде средба без посебно резултатско значење, со оглед што двата тима веќе од претходно имаат обезбедено опстанок во лигата на најдобрите на просторот на поранешна СФР Југославија. Но и Анте Назор и стратегот на гостите од Бар, Ѓорѓија Павичевиќ, посакуваат триумф за што е можно подобра внатрешна атмосфера пред обврските на домашна сцена.

Очекувам натпревар во кој ќе пружиме далеку подобра игра од таа на последните четири средби, со цел на најдобар можен начин да ставиме крај на обврските во АБА-лигата сезонава. Мора да бидеме борбени и максимално агресивни на нивната надворешна линија, која креира предност за Морнар. Со тоа би наметнале силен ритам и би го подобриле движењето на топката, што, пак, е неопходно за добар напад. Исто така, ќе мора да покажеме голем ентузијазам во играта во одбраната како и во затворањето на сопствениот рекет. За нас ова е своевидна генерална проба за обврските кои нѐ чекаат во домашното првенство, а воедно и шанса за давање поголем простор на играчите кои досега и не беа премногу дел од ротациите на натпреварите во регионалното натпреварување“, вели хрватскиот стратег на клупата на МЗТ Скопје Аеродром.

Сино-белите и вечерва ќе настапат без повредениот Стефан Синовец, а новото засилување, Душан Катниќ, нема право за настап во АБА-лигата. Судии на натпреварот се Македонецот Игор Митровски, Драган Нешковиќ (Србија) и матеј Шпендл (Словенија). Телевизиски пренос на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page