Назор: Публиката ни даде сила, а ние ѝ вративме со оставање на срцето на терен!

2017 12 Фев

Хрватскиот стратег, Анте Назор, денеска, на пладневната пресметка со Крка, дојде до петтата победа како предводник на МЗТ Скопје Аеродром, а по мечот тој покрај тоа што им честита на своите играчи истовремено ѝ се заблагодари на публиката во салата, која, според него, им ја дала потребната енергија за добрата игра во клучните моменти од средбата.

„Металците“ одиграа релативно изедначено прво полувреме, но буквално експлодираа во продолжението и дојдоа до убедлив триумф, кој е од исклучително значење во борбата за опстанок во АБА-лигата.

Честитки за моите кошаркари за големата победа, но и за одличните подготовки во пресрет на оваа средба. Морам да им честитам и на навивачите, кои ни ја дадоа неопходна поддршка од трибините. Во моментите кога не ни одеше во првиот дел, тие ни дадоа сила, а ние им вративме со тоа што го оставивме срцето на терен. Тоа е тој флуид што треба да го вратиме во оваа сала, а верувам дека ќе го сториме тоа ако продолжиме со борбена игра на секој дел од теренот. Крка дојде да победи, имаше 12 офанзивни скокови, ваквиот отпор и начин на игра е нешто што не чека на секоја средба до крајот“, изјави Назор по средбата.

Ова воедно беше трета победа во низа за МЗТ Скопје Аеродром во регионалното натпреварување, што дефинитивно ја зголемува самодовербата кај кошаркарите пред завршниот турнир од Купот на Македонија, закажан за 17-19 феверуари во Кавадарци. Наш прв противник е Кожув, а во полуфиналето ќе играме со подобриот од пресметката помеѓу Фени индустри и Охрид АВ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page