Крка дебело го „окрка“ во „Јане Сандански“ за наша осма победа во АБА-лигата!

2017 12 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа на денешниот пладневен натпревар против Крка (89-65) во меч од 22. коло од АБА-лигата, со што направија огромен исчекор кон опстанок во регионалното натпреварување.

Ова е трета победа по ред за „металците“, а осма вкупно во јадранското друштво која значи и бегство од друштвото на најзагрозените кои до крај грчевите ќе се борат за избегнување на последното место на табелата. Сино-белите одиграа одлично прво полувреме, а фантастично второ во кое го осигураа убедливиот триумф. Значаен е и фактот што денеска победивме со поголема разлика отколку што загубивме во Ново Место (87-97) што значи дека би биле подобри во ситуација ако двете екипи на крајот имаа ист број бодови.

Џош Скот односно беше фантастичен со дабл-дабл ефект од 24 поени и 13 скокови додека одлично одигра и Ксавиер Темс со 16 поени, четири скока и пет асистенции. Ѓорѓе Дреновац заврши со 14, а Шарлон Клоф со 13 поени.

Овој триумф доаѓа во вистински момент и за самодовербата пред завршниот турнир во Купот на Македонија, кој од 17 до 19 феверуари ќе се одржи во Кавадарци. Следниот јадранско предизвик ќе ни биде на 21 февруари кога ќе му гостуваме на ФМП.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page