Испечатете ја страната

Совладан Партизан за трета победа во серија

2015 23 Дек

Трета победа во серија за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва на домашен терен во СЦ Јане Сандански беа подобри од тимот на белградски Партизан со резултат 72-68.
МЗТ Скопје имаше водство од осум поени разлика по првиот период, меѓутоа Партизан успеа да врати со иста мера во втората четвртина па резултатот беше 41-40 по првото полувреме. Повторно добра игра на домашните кошаркари во третиот период во кој имаа водство и од 53-42 но не успеаа целосно да го скршат отпорот на гостите од Белград кои повторно се вратија во игра во последниот период.. Партизан успеа дури и да поведе со три поени разлика (66-69) на пет минути до крајот на средбата, меѓутоа МЗТ Скопје со серија од 12-2 успева да го реши натпреварот во своја корист.

Урош Луковиќ со 20 поени и 8 скока беше прв играч во редовите на МЗТ Скопје. Ѓорѓе Дреновац беше стрелец на 17 поени,  Дамјан Стојановски постигна 12 поени, Данило Мијатовиќ средбата ја заврши со 10 поени.

Во тимот на Партизан, Вилсон беше прв играч со 21 поен.

МЗТ Скопје својот следен натпревар го игра повторно на домашен терен, кога ја пречекува екипата на Мега Лекс. Натпреварот е закажан за понеделник со почеток од 18.00ч.