Металац-МЗТ Скопје 68-77

2015 19 Дек

Втор гостински триумф во АБА лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје откако вечерва беа подобри од домаќинот Металац со резултат 68-77.  МЗТ Скопје одигра добра одбрана во текот на целата средба, а клучната разлика ја направи во средината на вториот период кога и поведе со двоцифрена предност која пак ја со минимални падови ја одржуваше до крајот на натпреварот.
Марко Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац со 15 поени беа најпрецизни во редовите на македонскиот шампион. Дамјан Стојановски постигна 14 поени, додека Марко Љубичиќ средбата ја заврши со 5 поени а имаше и 7 скока и 7 асистенции. Новото засилување  Урош Луковиќ средбата ја заврши со 6 поени и 7 скока за одиграни 21 минута.

Во тимот на Металац Кутлешиќ и Малешевиќ постигнаа по 13 поени.

МЗТ Скопје во среда со почеток од 17.00ч, го пречекува тимот на Партизан во рамките од 16.то коло на АБА лигата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page