Убедлива победа над Олимпија 81-62

2015 12 Дек


МЗТ Скопје Аеродром успеа да го совлада тимот на Унион Олимпија со резултат 81-62 и да ја прекине серијата порази во АБА лигата. Домашниот состав влезе помотивирано и со поголема решеност негативната низа од порази да се прекине на домашен терен против словенечкиот преставник. МЗТ Скопје ги доби првите три четвртини по кои имаше огромни 23 поени позитива, па во последниот период влезе со обезбеден триумф.

Дамјан Стојановски беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје со 20 постигнати поени. Немања Протиќ беше стрелец на 14п, Марко Луковиќ на 13п, додека Ѓорѓе Дреновац на 12 поени.
Во тимот на Олимпија, Сава Лешиќ беше најефикасен со 18 поени и 13 скока.

МЗТ Скопје  во вторник гостува на тимот на Струмица во рамките од домашниот шампионат. Натпреварот е закажан за 18.00ч.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page