МЗТ Скопје поразен од Цедевита 65-70

2015 06 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеа и шестиот неуспех едноподруго откако вечерва се поразени од составот на Цедевита со резултат 65-70.  МЗТ Скопје одигра добро во текот на три четвртини, имаше и водство од 12 поени, но ни тоа не беше доволно да се прекине лошата серија порази.
Гостите од Загреб заиграа најдобро кога највеќе беше потребно, со цврста одбрана и контрола над скокот успеаа да ја добијат последната четвртина со резултат 15-22 и со победа да заминат од Скопје.

Ѓорѓе Дреновац беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје со 18 постигнати поени. Марко Луковиќ беше стрелец на 13, додека Данило Мијатовиќ постигна 12 поени.

Во победничкиот состав Миро Билан беше прв стрелец со 14 поени. Лука Бабиќ постигна 13, Џејмс Вајт средбата ја заврши со 10 поени.

МЗТ Скопје веќе во среда го игра својот следен натрпевар, овој пат во домашниот шампионат каде што е домаќин на тимот на Куманово. 

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page