Цедевита поуспешна од МЗТ Скопје

2015 24 Јан

Пораз на гостувањето во Загреб за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот од 19.то коло на АБА лигата, против домашната Цедевита.  МЗТ Скопје одлично го започна натпреварот и предводени од Дион Диксон со 12п, успеа да ја добијат првата четвртина (21-23). Домашните играчи многу брзо се консолидираа, ја подобрија својата игра и во одбраната и во нападот, успеаа да го превземат водството и да отидат на полувремето со 10 поени предност и таа разликата многу искусно да ја сочуваат до самиот финиш на мечот, за конечни 81-70.

Играчите на МЗТ Скопје имаа добар процент на шут од 49.1%, но целосно потфрлија во играта под обрачите каде што остварија вкупно 28 скока, наспроти 39-те  на домаќините. Македонскиот шампион на овој меч поради повреди не можеше да смета на Стефан Синовец и Овен Класен.

Дион Диксон беше прв стрелец на овој меч со 26 постигнати поени. Покрај него, со двоцифрен поентерски учинок беа Сеад Шеховиќ и Александар Цветковиќ со по 12 коша.

Фран Пилепиќ со 18 коша беше најдобар кај Цедевита. Миро Билан постигна 14, Зубчиќ 12 додека Барач беше стрелец на 10 поени.

МЗТ Скопје во среда со почеток од 18.00 часот го пречекува составот на Гоце Делчев во вториот натпревар од ¼ финалето на Купот на Македонија, додека следниот натпревар во АБА лигата е дуелот против Партизан кој е закажан за сабота 31.01.2015 со почеток од 21.00 часот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page