Сабота 17.00ч. Цедевита-МЗТ Скопје Аеродром

2015 23 Јан

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска патува за Загреб каде што утревечер (17.00ч) ќе го одигра дуелот од 19.то коло на АБА лигата против составот на Цедевита.  Македонскиот шампион се соочува со големи проблеми пред утрешниот меч, откако неколку стандардни играчи поради повреди не беа во можност да тренираат во изминатите неколку дена.

 

„Тимот на Цедевита дефинитвно е фаворит на утрешниот меч. Се работи за одлична екипа, кои пред почетокот на сезоната направија состав кој ќе се натпреварува во Евролигата, а од пред некое време се засилија и со Марко Томас и Станко Барач. Свесни сме дека ќе дадат се од себе за да победат и да останат во трка за што подобра позиција во плејофот.

За разлика од нив, ние имаме големи проблеми со повредите. На овој меч нема да настапи Стефан Синовец, додека настапот на Овен Класен е неизвесен," изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Јончевски.

 

„Се работи за евролигашка екипа, која игра доста добро во две различни натпреварувања. Ние сме соочени со неколку проблеми со повреди, но ќе дадеме се од себе да се избориме за добар резултат. " - Александар Цветковиќ.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page