МЗТ Скопје Аеродром-Крка 60-72

2015 18 Јан

Нов пораз за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, овој пат во СЦ Јане Сандански поуспешен од нашиот тим беше составот на Крка од Ново Место.  Домашните повторно многу лошо го отворија мечот и дозволија гостите доста рано да се стекнат со водство. На полувреме МЗТ Скопје имаше само 22 постигнати коша и негатива од 10 поени.  Избраниците на тренерот Јончевски конечно заиграа подобро во третата четвртина која што ја добија со 24-19 и почнаа да го намалуваат водството на словенците. Со тројката на Сеад Шеховиќ во 35.та минута, МЗТ Скопје успеа да го израмни резултатот на 57-57 и кога сите очекуваа превземање на водството, Крка прави серија од 13-0 од која што МЗТ Скопје не успеа да се опорави.

Малком Армстед со 26 постигнати поени беше најефикасен играч на мечот. Крис Букер беше стрелец на 20 поени и 13 скока, додека Алексис Вангмене беше третиот играч со двоцифрен број на постигнати поени откако средбата ја заврши со 10 коша.

Овен Класен оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока. Диксон и Шеховиќ беа стрелци на 12, додека Самарџиски мечот го заврши со 10 поени

Покрај поразот, дополнителен проблем за МЗТ Скопје е повредата на Стефан Синовец, кој пред крајот на првото полувреме при еден доскок го свитка левиот скочен зглоб и мораше да го напушти натпреварот и не се врати до крајот.

„Не успеавме во нашите намери да ја оствариме многу посакуваната победа, по оној триумф во Унгарија. Мислам дека се победивме самите себеси, затоа што вечерва шутот едноставно не ни функционираше, а имавме и многу промашени зицери, па сетоа тоа резултираше со сосема заслужен триумф за екипата на Крка.” - изјави капитенот Урош Лучиќ.

„Им ја честитам победата на Крка. Од тоа што се плашевме највеќе, тоа и ни се случи. Крка дојде овде сосема растеретено, со неколку последователни порази, проблеми со ростерот и некомплетна екипата, а ние тоа не го искористивме. Нивните двајца американци одиграа феноменално и погодија доста тешки шутеви. Од друга страна од преголемата желба да се победи на овој меч ние одигравме во грч. Немаше ниту еден наш играч расположен да ја повлече нашата екипа. Не ги искористивме нивните грешки, тие имаа 20 загубени топки, а ние успеавме да постигнеме само 60 поени.” -изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Јончевски.

Во среда (21.01.2015) со почеток од 18.00 часот, МЗТ Скопје Аеродром гостува во Штип, во првиот дуел од 1/8 финалето на Купот на Македонија против домаќинот Гоце Делчев.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page