Сабота 21.00; МЗТ Скопје - Крка

2015 16 Јан

МЗТ Скопје Аеродром во сабота со почеток од 21.00 часот е домаќин на екипата на Крка од Ново Место во рамките од 18.то коло на АБА лигата. По гостинската победа над Шолнок минатиот викенд, тимот на МЗТ Скопје ќе има можност со евентуален триумф над Крка  за првпат оваа сезона да врзе две победи во серија. Двете екипи се сретнаа во првиот дел од сезоната, на кој што дуел славеше составот на Крка со убедлив резултат 85-52.  



Не очекува исклучително тежок натпревар каде што не е само во прашање конечниот исход, туку во сабота е одлична прилика да се обели образот по најголемиот пораз кој го претрпе МЗТ Скопје воопшто во АБА лигата, токму од екипата на Крка. Со евентуална победа конечно би сврзале и две победи. Крка конечно доаѓа комплетна, има квалитетни играчи на сите позиции па и покрај нивната лоша серија во последниот период, МЗТ ќе мора да смета и на подршка од публиката за да се оствари позитивен резултат". изјави предводникот на МЗТ Скопје, Александар Јончевски.

 

„Пред нас е навистина тежок меч. Крка ја стартуваше сезоната одлично, но потоа следуваше пад во нивната игра и заредија неколку порази во серија. Секако дека не смееме да ги потцениме, затоа што на првиот меч одигравме далеку од нашите можности и доживеавме убедлив пораз. Мораме да влеземе максимално сериозно уште од самиот почеток. Се надеваме дека победата во Унгарија ќе биде добра увертира за овој меч пред нашите навивачи." изјави капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Урош Лучиќ

 

 

Билтетите за дуелот МЗТ Скопје Аеродром - Крка се веќе во продажба по цена од 100 и 200 денари, и истите може да се набават на билетарата пред СЦ Јане Сандански како и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

 

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page