Шолнок-МЗТ Скопје Аеродром 73-76

2015 09 Јан

МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Шолнок со резултат 73-76  и го оствари шестиот триумф во овогодишната сезона на АБА лигата. Тоа беше прва победа над унгарскиот состав на гостински терен и деби победа за тренерот Алек Јончевски кој од пред неколку дена беше назначен да го води македонскиот кошаркарски шампион. .

МЗТ Скопје го одигра најдоброто полувреме во АБА лигата оваа сезона, постигна дури 50 поени и имаше водство од 12 поени на паузата. Добрата игра продолжи и во третиот период по кој МЗТ успеа да ја одржи разликата, за потоа да следува пад во последните 10 минути во кој што домаќините полека ја топеа разликата, за да на 10 секунди до крајот по погодените слободни фрлања на Војвода, Шолнок дојде на само 1 поен негатива. 

Вистинска драма се случуваше во последните моменти од мечот. По направениот прекршок над Стефан Синовец, српскиот интернационалец ги промаши и двата обида од линијата за слободни фрлања со што им овозможи можност за контра напад на домашните, кој на голема среќа на МЗТ Скопје беше прекинат од страна на Александар Цветковиќ.

Сите играчи на МЗТ Скопје кои настапија на овој меч одиграа добро и заеднички придонесоа за вечерашниот триумф. Урош Лучиќ беше најпрецизен со 20 поени и 8 скока. Шеховиќ постигна 14, Самарџиски 11,  Диксон 10 поени. 

Во поразениот состав Џонс беше стрелец на 19 поени, Гипсон и Милошевиќ постигнаа по 14, додека Келер мечот го заврши со 10 поени.

МЗТ Скопје Аеродром во следното коло е домаќин на екипата на Крка, во меч кој е закажан за сабота (17.01.2015) со почеток од 21.00 часот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page